• четврток, 04 декември 2025

Старбакс затвора стотици продавници и отпушта 900 работници

Старбакс затвора стотици продавници и отпушта 900 работници

Сиетл, 25 септември 2025 (МИА) – Американската компанија Старбакс денеска соопшти дека затвора стотици продавници во САД, Канада и Европа, како и дека отпушта 900 вработени надвор од малопродажбата.

Гигантот за продажба на кафе од Сиетл истакна дека затворањето на продавниците ќе почне веднаш, а поголемиот дел од своите ресурси ќе ги насочи кон реструктурирање на бизнисот.

Старбакс наведува дека на отпуштените работници ќе им бидат понудени отпремнини и преместување на други локации каде што тоа е можно. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан