Стара чаршија без вода поради уличен дефект
- Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Без вода во моментов е Старата чаршија поради уличен дефект на улицата „Леблеџиска“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Оттаму потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. бд/дма/
Фото: МИА архива