• четврток, 26 март 2026

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум

Вaшингтон, 12 март 2025 (МИА) - Зголемените царини за увоз на челик и алуминиум (25 отсто) воведени од американскиот претседател Доналд Трамп денеска стапија на сила.

Пред да стапат на сила тарифите, Трамп и се закани на Канада дека ќе ги удвои тарифите за извозот на челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, но се откажа од тие планови откако премиерот на Онтарио, Даг Форд се согласи да ја суспендира одлуката за воведување дополнителни давачки за извозот на електрична енергија од Онтарио во САД, отстапка во замена за укинување на претходните тарифи.  зш/
фото ЕПА

Остани поврзан