Станојковски и Уце победници на Државното првенство во пинг-понг
- Кристијан Станојковски и Амелија Уце се победници на Државното првенство во пинг-понг во машка и женска конкуренција одржано викендов во Скопје.
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) – Кристијан Станојковски и Амелија Уце се победници на Државното првенство во пинг-понг во машка и женска конкуренција одржано викендов во Скопје.
Станојковски во финалето го победи Ѓоко Јочкоски со 4:2, додека Уце беше поуспешна од Ана Стојановска со 4:0.
Пласман сениори:
- Кристијан Станојковски
- Ѓоко Јочкоски
- Дамјан Стојчев, Петар Костовски
- Амелија Уце
- Ана Стојановска
- Билјана Младенова, Ива Димитриевска. зс/