• среда, 24 јули 2024

Станојковски доминантен на сениорскиот ТОП 8 турнир во пинг-понг

Станојковски доминантен на сениорскиот ТОП 8 турнир во пинг-понг
Скопје, 24 мај 2021 (МИА) – Само еден ден по одржувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на Пингпонгарската федерација на Македонија, се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествува најдобрите осум играчи од ранг-листата за сениори. Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека е најдобар и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место. Пласман на најдобрите тројца во машка конкуренција: 1.Кристијан Станојковски 2.Сашо Смолиќ 3.Филип Младеновски. Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата. Свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место. Најдобри три пингпонгарки: 1.Билјана Младенова 2.Амелија Уце 3.Ана Стојановска. зс/

Остани поврзан