• понеделник, 23 декември 2024

Станиците на метрото во Киев станаа импровизирани засолништа, луѓето го напуштаат главниот град на Украина

Станиците на метрото во Киев станаа импровизирани засолништа, луѓето го напуштаат главниот град на Украина
Киев, 24 февруари 2022 (МИА) - Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи. - Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од своите кревети потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас, изјави за Си-Ен-Ен, Метју Ченс во Киев. Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока... луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“. бд/зш/

Остани поврзан