• понеделник, 15 декември 2025

Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“

Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска го посети ООУ „Партенија Зографски“ и изврши увид во тековните реконструктивни зафати.

-Со овие активности Општината продолжува да го унапредува образовниот простор и да создава современи, безбедни и функционални услови за сите ученици, соопшти Општината. 

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска  при посетата истакнала дека во ООУ „Партенија Зографски“ во континуитет се работи на унапредување на условите за учениците.

-Поставуваме лед осветлување во училниците и ходниците. Во моментот е во тек и реконструкција на тоалетите, што е особено важно за хигиената и секојдневниот престој на нашите дечиња во училиштето. Направени се зафати на електричните разводни табли, со што училиштето станува побезбедно и пофункционално. Со вакви вложувања покажуваме дека образованието и грижата за децата ни се приоритет и дека продолжуваме да работиме за подобри услови за учење, наведува во изјавата  градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска. хс/вг/

Фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан