• четврток, 04 декември 2025

Стаменкова: Со спроведување на енергетска ефикасност ќе продолжиме да создаваме нови заштеди

Стаменкова: Со спроведување на енергетска ефикасност ќе продолжиме да создаваме нови заштеди
Македонска Каменица, 24 октомври 2021 (МИА) - Општина Македонска Каменица  започнува со реализација на нова Програма за енергетска ефикасност, со која општината за првпат ќе субвенционира реконструкција на објекти во резиденцијалниот сектор. Ова го истакна кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник Соња Стаменкова која рече дека во рамки на програмата на коалицијата „Најдоброто за нашата општина" општината ќе продолжи да работи за заштита на животната средина и во наредните четири години. -Отвораме нова Програма за енергетска ефикасност, каде општина Македонска Каменица за првпат ќе субвенционира реконструкција на објекти во резиденцијалниот сектор. Во соработка со Хабитат и партнерство со граѓаните од колективни станбени објекти, веќе се направени првите средби со станарите на две колективни згради за домување, рече Стаменкова. Кандидатот на СДСМ и коалицијата додаде дека втората фаза од проектот предвидува субвенции за жителите од индивидуалните објекти за домување, субвенции за електрични тротинети и велосипеди. -Исто така опфатена е изградба на модерни депонии за преработка на отпадот во енергија и инвестиции во други алтернативни извори на енергија. Со спроведувањето на енергетската ефикасност ќе продолжиме да создаваме нови заштеди кои ќе ги инвестираме во нови проекти и програми, додаде Стаменкова. Овој процес како што дополни Македонска Каменица ќе ја направи прва зелена, модерна и современа општина во државата. вс/аа/

Остани поврзан