Став на Кабинетот на претседателот во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков
- Во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, која се однесува на последната одлука за помилување на осудени лица од страна на претседателот Пендаровски и барањето за помилув
Скопје, 18 март 2022
Во врска со изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, која се однесува на последната одлука за помилување на осудени лица од страна на претседателот Пендаровски и барањето за помилување на осудените во настаните од 27 април, информираме за следново:
Секоја молба за помилување се разгледува поединечно.
Со делумното ослободување од извршувањето на неиздржаната казна затвор на лицето Абдуљфета Алими, претседателот не донесе одлука за околностите и настаните од 27 април, туку одлука за индивидуалната молба поднесена од Алими.
Претседателот никогаш не одлучувал селективно, така било до сега, така ќе биде и од сега.
Кабинет на преседателот Стево Пендаровски _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.