• среда, 18 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ставен под контрола пожарот кај месноста Ралова Чука во Делчево

Ставен под контрола пожарот кај месноста Ралова Чука во Делчево
Делчево, 22 јули 2022 (МИА) - Пожарот кај месноста Ралова Чука кој денеска попладне избувна во Делчево, е ставен под контрола.
Во акцијата за гаснење учествуваше екипа на Територијалната противпожарна единица од Делчево, која претходно интервенираше во пожар на запален семеен дом на улицата Голачка во Делчево.
Од единицата го повторија апелот во периодот на високи температури секоја евентуална појава на пожар благовремено да биде пријавена до институцијата. вс/сст/

Остани поврзан