• петок, 22 ноември 2024

Стабилно и топло до вторник, од среда наместа пороен дожд и засилен ветер

Стабилно и топло до вторник, од среда наместа пороен дожд и засилен ветер
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - До вторник времето ќе биде стабилно и со благ пораст на дневната температура. В среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е сончево, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. И во Скопје е сончево со мала облачност и со слаб до умерен, претежно северен ветер, а максималната температура денеска ќе биде 33 степени. УХМР информира и дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште - 33 литри на квадратен метар. Според мерењата од 8 часот, за едно деноноќие  17 литри дожд на квадратен метар наврнал во Скопје - Петровец, 15 литри се измерени во Скопје - Зајчев  Рид, седум литри во Штип, два во  Струмица и по еден литар на квадратен метар во Крива Паланка и Крушево. хс/ цр    

Остани поврзан