• петок, 15 ноември 2024

ССУ: Приведен маж кој им помогнал на Русите да ја ракетираат пицеријата во Краматорск

ССУ: Приведен маж кој им помогнал на Русите да ја ракетираат пицеријата во Краматорск

Киев, 28 јуни 2023 (МИА) – Украинската контраразузнавачка служба (ССУ) објави дека уапсила маж осомничен дека им помагал на руските сили да извршат ракетен напад врз градот Краматорск.

Во нападот беше погодена пицерија, при што загинаа 10 цивили, а повредени се 61 лице. ССУ наведува дека уапсениот живеел во близина на ресторанот.

- Според првичните резултати од истрагата, непријателскиот агент е жител на Краматорск, вработен во локалната компанија за транспорт на гас. Тој снимал згради и автомобили во близина на пицеријата и ја испратил снимката до руското воено разузнавање, се наведуваа во соопштението на ССУ. ми/

фото: ССУ лого

Остани поврзан