• понеделник, 23 декември 2024

ССМ: Ако „Баргала“ не ги исплати неисплатените плати на работниците, по нивен предлог може да се побара стечај

ССМ: Ако „Баргала“ не ги исплати неисплатените плати на работниците, по нивен предлог може да се побара стечај
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Работниците од штипската фабрика „Баргала“ добија поддршка од претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски и од претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Љупчо Радоски.
Синдикатот, како што информираа оттаму, има поднесени поединечни пријави за сите работници против сопственикот на фабриката за тој да биде санциониран за неисплатени плати за септември и април. Од ССМ велат дека доколку работниците побараат, ќе бидат поднесени и тужби за наплата на платите по судски пат.
Димовски им укажал на работниците дека доколку одлучат, ССМ може да покрене и стечајна постапка и на тој начин од капиталот на фабриката да им се наплатат побарувањата.
- Ако работодавачот не сака да сподели од капиталот со работниците, тогаш работниците ќе го споделат капиталот на газдата преку стечај, било истакнато на средбата.
За 15 јуни е закажана нова средба на работниците со синдикатот. бак/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан