• вторник, 24 декември 2024

ССК потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија ( ITC )

ССК потпиша меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија ( ITC )

Скопје, 6 август 2023 (МИА) -  Меморандум за соработка потпиша Сојузот на стопански комори на Македонија со ITC - Меѓународен центар за трговија, кој е фокусиран на решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеноста со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентноста на синџирите на снабдување, со фокус на „де-ризикување на синџирот на снабдување“.

Меморандумот, како што соопшти ССК, е потпишан на средбата што се одржа во Сојузот на стопански комори, а на која присуствуваа претседателот на ССК Трајан Ангелоски, потпретседателите Сашо Дукоски и Горан Ѓорѓиевски, Загорка Блажевска директор на Вита Нова и Др. Тристан Еванс заменик претседател на ITC( International Trade Council), а свое видео обраќање имаше и Џејмс Семјуел Јорк Главен извршен директор на ICTTM (The International Centar of Trade Transparency Limited )

-ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен ADAMftd („Напредна анализа на податоци и моделирање за податоци за надворешна трговија“) кој ќе користи милијарди историски и трговски податоци во реално време за да ја предвиди иднината на трговијата, а бизнисите ќе имаат пристап до податоците за клиентите и конкурентите, вклучувајќи ги платените цени, историјата на трансакциите, податоците за понудата и побарувачката и можностите за предвидување, за да одговори на овие предизвици, а по завршувањето на првата фаза од развојот на ADAMftd, ITC има намера да направи приоритетна инвестиција во Северна Македонија, се наведува во соопштението од Сојузот на стопански комори.

ITC , како што се посочува во соопштението, го препознава растечкото економско значење на Северна Македонија како важен центар за синџирите на снабдување, можноста за моделирањето и автентикацијата на синџирот на снабдување.

Сојузот на стопански комори прв во регионот се приклучува кон Меѓународниот трговски совет (ITC), кој за компаниите е одлична можност за проширување на  својот глобален досег и да ги зголемат своите меѓународни трговски можности со  новите глобални прописи и можностите за отворени пазари за трговија ,вмрежување и конекции со потенцијални партнери. дма/

 

Фото: Сојуз на стопански комори

Остани поврзан