• понеделник, 23 декември 2024

„Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски

„Срце куќа најширока“ изложба на цртежи од Панде Петровски

Скопје, 13 јули 2023 (МИА) - Изложбата на слики од Панде Петровски насловена „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе биде отворена вечер во салоните „Империјал 1 и 2“ во Културно-информативен центар – Скопје.

Сликарот Панде Петровски е роден на 25.9.1939 година во Брусник, Битола. Во 1963 година завршил Педагошка академија. Член е на ДЛУБ (Друштво на ликовните уметници на Битола ), ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија) и МНД (Македонско научно друштво). Соработувал со повеќе весници и списанија, а застапен е и во Антологиите на македонскиот и балканскиот афоризам.

Од основањето во 2005 година учествувал и ја раководи како координатор ликовната колонија „Де Ниро” – Битола, а учествувал  и на уште дваесетина други меѓународни ликовни колонии во Македонија (Велес, Нижополе, Кавадарци, Дојран, Гевгелија, Струга, Дрен, Белчишта), а исто така и во Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Романија.

Со создадените неколку илјади ликовни дела, започнувајќи од 1959 година кога ја отвора првата самостојна изложба во Клубот на резервните офицери (Широк сокак – 137), досега има отворено над 30 индивидуални изложби во земјава(Битола, Кавадарци, Охрид, Скопје), а исто така и во Србија, Шведска и Австралија. Со свои дела учествувал и на над стотина колективни изложби во земјава, Бугарија и во Турција.

На изложбата „Срце куќа најширока (мотиви од нашата села)“ ќе бидат изложени над 60 цртежи со мотиви од нашите села.

Изложбата ќе биде отворена до 25 јули годинава. дма/вг/

 

Остани поврзан