• недела, 22 декември 2024

Српските власти го ослободија белорускиот новинар кој го бараше Минск

Српските власти го ослободија белорускиот новинар кој го бараше Минск

Белград, 31 октомври 2024 (МИА) - Белорускиот активист и новинар Андреј Гњот, по точно една година помината во затвор во Србија, од денеска е повторно на слобода и е, како што објави на социјалните мрежи, на територијата на Европската унија.

Со најавата дека животот му е како холивудски филм, Гњот посочува дека „по една година очајна борба се евакуирал од Србија“, а потсетува дека поминал седум месеци и шест дена во затвор, како и пет месеци домашен притвор.

Адвокатот на Гњот од Белград, Филип Софијаниќ, за Радио Слободна Европа изјави дека на 31 октомври Вишиот суд во Белград му го прекинал притворот на неговиот клиент по истекот на законскиот рок од една година. Гњот беше уапсен на 30 октомври минатата година на белградскиот аеродром кога се обидел да влезе во Србија, според црвената потерница на Интерпол што по него ја распишале белоруските власти.

Официјален Минск го товари белорускиот активист за наводно затајување данок од околу 300.000 евра, а самиот Гњот и неговиот правен тим тврдат дека тоа е неосновано и политички мотивирано обвинение, како и многумина што режимот на Александар Лукашенко ги покрена против критичарите на властите во Белорусија. .

Во меѓувреме, Интерпол ја повлече потерницата за Гњот, во негова одбрана излегоа многу уметници и интелектуалци од целиот свет, а Европскиот парламент донесе резолуција за прогон на политичките затвореници во Белорусија и ги повика властите во Србија да не дозволат екстрадиција на белорускиот активист во Минск. На крајот на минатата недела, десет земји-членки на Управниот совет на глобалната меѓувладина коалиција „Заедничка демократија“ (КоД) ја повикаа Србија да го ослободи белорускиот активист и новинар.

Повикот до Србија за ослободување на Гњот ја потпишаа Естонија, Финска, Литванија, Норвешка, Полска, Република Молдавија, Романија, Шведска, Обединетото Кралство, САД. зш/
фото Вотсап

Остани поврзан