• среда, 20 ноември 2024

Српскиот претседател Вучиќ вечерва дебитира во улога на кошаркарски тренер

Српскиот претседател Вучиќ вечерва дебитира во улога на кошаркарски тренер

 

Белград, 5 септември 2024 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека не се откажал од намерата да стекне диплома за кошаркарски тренер, наведувајќи дека му преостанува да положи уште седум испити.

„Верувам дека тоа ќе го завршам до декември – јануари“, рече Вучиќ во изјава за српските медиуми.

Шефот на српската држава најави дека вечерва прв пат во својот живот ќе биде во улога на кошаркарски тренер.

„На тренингот на кошаркарскиот клуб Лозница оваа вечер за прв пат ќе ги тренирам јуниорите. Главниот тренер ќе му дозволи да се испробам десетина минути во улога на тренер“, изјави Вучиќ.

Во желбата да добие диплома за кошаркарски тренер Вучиќ во јули 2020 година се запиша на Високата спортска школа во Белград. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан