• недела, 17 ноември 2024

Српската влада го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост поради настаните во Косово

Српската влада го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост поради настаните во Косово

Белград, 26 септември 2023 (МИА)- Владата на Србија на денешната вонредна седница го прогласи утрешниот ден -27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Владата на Србија ги замолува сите медиуми и организатори на јавни настани да ја прилагодат својата програма на Денот на жалоста во среда, 27 септември и со тоа да им оддадат почит на жртвите на Косово и Метохија, се вели во соопштението на Владата на Србија.

За разлика од Србија, на Косово, Српска листа прогласи тродневна жалост на Косово.

-Денеска, утре и задутре се денови на жалост во српските заедници во Косово, по повод смртта на наши сограѓани во трагичен настан во Бањска, општина Звечан, се наведува во соопштението на Српска листа.

Во српските заедници на територијата на Косово ќе бидат откажани сите забавни настани организирани од органите и институциите на локалната самоуправа, а српските знамиња на сите институции ќе бидат спуштени на половина копје. об/сд/

Остани поврзан