• сабота, 13 јули 2024

Средното кумановско училиште „Наце Буѓони“ набави училишен мебел

Средното кумановско училиште „Наце Буѓони“ набави училишен мебел
Куманово, 4 јануари 2021 (МИА) - Средното стручно училиште „Наце Буѓони“ од Куманово набави училишен мебел за кабинетска настава, соопштија денеска надлежните од училиштето. Мебелот кој не е обновен повеќе од триесет години е распределен по училници и кабинети и во централната зграда и зградата каде настава следат ученици на албански наставен јазик. - Одвоивме 506.220 денари со вклучен ДДВ за набавка на мебел потребен за чување на опрема. Ова е стручно училиште и речиси целосно наставата се одвива во кабинети и училници кои целосно се опремени како кабинети, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски. Претходно во училиштето заврши партерното уредување околу училишната зграда, новоизградената спортска сала и новоизграденото спортско игралиште. Заврши и менувањето на надворешната столарија, прозорци, поставено е и греење во работилницата. За партерното уредување беа одвоени 3,3 милиони денари, додека за централно греење и фасадна столарија од општинскиот буџет беа одвоени по 2, 2 милиони денари. Ова училиште продуцира кадри за потребите на реалниот сектор, настава следат околу 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик. ам/мд/

Остани поврзан