• четврток, 26 декември 2024

„Средновековен фестивал“ викендов во Крива Паланка

„Средновековен фестивал“ викендов во Крива Паланка
Крива Паланка, 5 октомври 2022 (МИА) - Симулација на средновековна битка, логор и работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, како и многу други активности со несекојдневен концепт ќе бидат дел од првиот дводневен „Средновековен фестивал“ што викендов ќе се одржи во Крива Паланка. Фестивалот ќе се одржи на централниот градски плоштад и сцената на летниот театар во централното градско подрачје, со почеток во 10 часот. -Настанот е дел од активностите од проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Дупница и Крива Паланка“ финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и РС Македонија на Европската унија. Како организатори на фестивалот се јавуваат Локална установа Градски музеј Крива Паланка и „Историски поставки „Чигот“ од Бугарија. Главна цел на фестивалот е искористување на културното наслетство на регионот во функција на привлекување на туристи, а содржинскиот концепт ќе опфати бројни програмски активности кои се очекува да привлечат внимание на посетители до државата и соседниет земји, информираат од организацискито проектен тим на Општина Крива Паланка. Во сабота програмата почнува со содржините во логорот, работилница за изработка на средновековни шлемови, ревија на средновековни облеки, средновековна борба и концерт на група „Фреја“, додека во недела покрај книговез, иконопис, грнчарство,резбарство и детски анимации, ќе се оджат и битка напладне, како и уште еден концерт на средновековна музика. Општина Крива Паланка и Градски музеј Крива Паланка ги повикаа сите љубители на средновековието, на историјата и традцијата, да бидат дел од еден поинаков „Средновековен фестивал“ и да уживаат во богатата фестивалска програма. ид/рп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан