• петок, 05 декември 2025

Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“

Средни стручни училишта од Скопје ќе се претстават во ОУ „Блаже Конески“

Скопје, 14 мај 2025 (МИА) - Средни стручни училишта на Град Скопје ќе ги претстават своите струки и профили пред деветоодделенците од Аеродром на настан во Основното училиште „Блаже Конески” во таа скопска општина.

Целта е подобрување на имиџот на стручното образование и потикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта и да ги изучуваат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и вработување.

Во соработка со Занаетчиската комора Скопје, струките и профилите кои ги нудат за упис во средно образование на штандови ќе ги претстават стручните училишта: „Боро Петрушевски“, „Михајло Пупин“, „Димитар Влахов“, „Георги Димитров“, „Марија Кири Склодовска“, „Шаип Јусуф“, „Владо Тасевски“, „Кочо Рацин“, „8 Септември“,  „Здравко Цветковски“ и „Браќа Миладиновци“. хс/лв/

Фото: Занаетчиската комора Скопје

 

 

Остани поврзан