• среда, 04 декември 2024

Средба Филков-Григоријан, тема досегашната соработка и идните проекти

Средба Филков-Григоријан, тема досегашната соработка и идните проекти

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков оствари официјална средба со постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан на која се дискутираше за досегашната соработка и проектите кои треба да се реализираат, информираат од Министерството за правда.

УНДП, се вели во соопштението, е долгогодишен партнер на Министерството за правда, а соработката резултира со бројни активности, обуки, конференциии и одржани работилници кои, како што се нагласува, се од исклучителна важност за правосудството и зајакнување на неговите капацитети.

Како особено значајна била истакната поддршката во делот на обуките за бесплатната правна помош во врска со бегалското право и системот на азил како и организираните работилници од областа на кривичното законодавство.

-Министерот Филков беше информиран и за реализацијата на проектот „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој започна на 1 јануари 2023 година и ќе трае четири години.Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово. Во нашата држава, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации, велат од Министерството за правада.

Посебен осврт бил даден за ефектите од работилницата за Анализа на законодавството,, Сузбивање на компјутерски сексуален криминал” која била организирана од УНДП МК во соработка со Корејската полиција и УНДП Кореја. Се разговарало и за  Стратегијата за развој на правосудуството 2024-2028, како и состојбата во затворите и можностите за ресоцијализација на осудените лица. Соработката со УНДП, најавуваат од Министерството за правда, ќе продолжи и ќе се интензивира во периодот кој следи. сст/дма/

Фото: Министерство за правда

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан