• понеделник, 23 декември 2024

Средба Тошковски, Бојмацалиев и Тигањ: Хрватска има разбирање за проблемот со патните исправи на македонските државјани

Средба Тошковски,  Бојмацалиев и Тигањ: Хрватска има разбирање за проблемот со патните исправи на македонските државјани

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на денешната средба со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев изјави дека Хрватска има разбирање за проблемот со патните исправи на македонските државјани.

Таа посочи дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност, за што министерот Тошковски изрази огромна благодарност, информираат од МВР.

Тошковски и се заблагодарил за досегашната соработка и изразил уверување дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет.

- Од страна на Бојмацалиев, беше изразена благодарност за досегашната соработка и уште еднаш беше потенцирана заложбата за спроведување на слободни, фер и демократски избори, соопштуваат од МВР.

Амбасадорката Тигањ ја потенцираше долгогодишната соработка и ја претстави Република Хрватска како наш најголем поддржувач во евроинтегративните процеси. ир/нд/

Фото: МВР

 

Остани поврзан