• понеделник, 23 декември 2024

Средба Таравари - Лудова: Побрзо усвојување на уставните измени и забрзување на европските реформи

Средба Таравари - Лудова: Побрзо усвојување на уставните измени и забрзување на европските реформи

Скопје, 1 декември 2023

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска во просториите на АА во Скопје беше домаќин на чешкиот амбасадор во нашата земја Јарослав Лудва.

На средбата двајцата соговорници разговараа за политичките случувања во земјата и регионот и се согласија за неопходноста од продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, особено за што побрзо усвојување на уставните измени и забрзување на европските реформи, со посебен акцент во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, му се заблагодари на амбасадорот Лудва за континуираната посветеност на чешката држава и неговиот личен придонес кон оваа цел.

Инаку, средбата на првиот човек на АА, Арбен Таравари, доаѓа по низата средби со амбасадорите на европските земји.

Фото: АА

Алијанса за Албанците

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан