• петок, 05 декември 2025

Средба Стоилковиќ - Улман: Потврдена поддршката на Швајцарската Конфедерација за европските интеграции на земјава

Средба Стоилковиќ - Улман: Потврдена поддршката на Швајцарската Конфедерација за европските интеграции на земјава

Скопје, 2 јуни 2025 (МИА) – Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска остварил работна средба со делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од Вероник Улман, на која биле разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања, состојбата на односите меѓу етничките заедници во земјата, како и за можностите за натамошно продлабочување на билатералните односи, кои традиционално се одликуваат со пријателство и заемна подготвеност за политички дијалог на високо ниво и активна проектна соработка.

Како што соопшти Кабинетот на  Стоилковиќ, двете страни оцениле дека од воспоставувањето на дипломатските односи до денес, соработката меѓу двете земји се развива успешно и треба понатаму да се негува. Амбасадорката Улман ја потврдила континуираната поддршка на Швајцарската Конфедерација за европските интеграции на Северна Македонија.

Соговорниците се осврнале и на позитивната улога на македонската дијаспора во Швајцарија, која претставува важен социјален и економски мост помеѓу двете земји, како и пример за успешна интеграција и соживот. Била нагласена потребата достигнатото ниво на политичка и дипломатска соработка да се прошири и во економската сфера, каде што постои значителен потенцијал – како преку зголемување на трговската размена, така и преку привлекување нови швајцарски инвестиции во земјата. дма/aa/

Фото: Министерство за односи меѓу заедниците 

Остани поврзан