• петок, 22 ноември 2024

Средба Рама-Лапид : Засилена соработка за кибер-одбраната

Средба Рама-Лапид : Засилена соработка за кибер-одбраната
Тирана, 23 октомври 2022 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска се сретна со својот израелски колега Јаир Лапид во Ерусалим по пристигнувањето во тридневна посета на Израел, при што ќе се сретне со претставници на кибер-одбраната.
Лапид и Рама разговарале за иранската закана, а Лапид и понудил помош на Албанија во таа област.
Посетата на Рама на Израел доаѓа откако Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран по кибер нападот во јули, чија цел беа веб-страниците и канцелариите на албанската влада.
Откако Албанија ги прекина односите, втор сајбер напад од истиот ирански извор го погоди информативниот систем кој ги снима влезовите и излезите на албанската граница, предизвикувајќи одложување на патувањето.
„Иран претставува заедничка закана за Израел и Албанија. Тоа го видовме во овој неодамнешен ирански сајбер напад врз Албанија. Израел ќе помогне на секој начин во напорите против Иран. Сметаме дека тоа е национален интерес и историска одговорност“, нагласил Лапид, јавија албанските медиуми.
Двајцата лидери разговарале за билатералните врски и „надминувањето на заедничките предизвици со кои се соочуваат двете земји со акцент на иранската закана“ и предложиле соработка во одбраната. Се разговарало и за проширување на туризмот и трговијата.
Рама ќе се сретне и со израелскиот претседател Исак Херцог и со други официјални претставници. вт/зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан