• четврток, 20 февруари 2025

Средба пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ со неформалната група на професионални сметководители

Средба пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ со неформалната група на професионални сметководители

18 февруари 2025

По барање на неформалната група на професионални сметководители, со одземено право на работа, пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, во Собранието остварија средба со нивниот претставник, Сашо Цветановски. На средбата беа разгледани барањата на сметководителите, како и потенцијални решенија за предизвиците со кои се соочуваат.

Денес, по скратена постапка ќе биде поднесен закон со кој сметководителите кои се времено избришани од регистарот, ќе можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024-та.

Оваа иницијатива е важен чекор напред кон решавање на сите други преостанати барања кои беа презентирани од неформалната група, а со цел да придонесеме кон подобрување на условите за работа на сметководителите и да ги зајакне нивните професионални права.

Воедно, коалицијата „Твоја Македонија“ ја презема обврската да се создаде системско решение, со кое што ќе се надминат сите предизвици и проблеми кои беа презентирани на средбата и со кои се соочуваат сметководителите во Македонија.

Продолжуваме да создаваме партнерски односи со граѓанскиот сектор, како и имплементација на предложените мерки на транспарентен и ефикасен начин.

Пратеничка група 
на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан