Средба помеѓу државниот секретар во МВР, Петрушевски и заменик амбасадор на Француската Република, Маршето
- Во МВР денеска се одржа средба помеѓу државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски и заменик амбасадор на Француската Република Филип Маршето.
Скопје, 5 мај 2025 (МИА) - Во МВР денеска се одржа средба помеѓу државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Сашо Петрушевски и заменик амбасадор на Француската Република Филип Маршето.
Државниот секретар Сашо Петрушевски ја искористил приликата да го поздрави заменик амбасадорот, при што потенцирал дека соработката меѓу Министерствата за внатрешни работи на двете пријателски земји бележи континуитет и се одвива во духот на традиционално добрите односи.
-Кон зголемување на интензитетот на соработката особено придонесуваат низата обуки и работилници за вработените во Министерството за внатрешни работи кои се организирани преку Амбасадата на Француската Република во нашата држава, како и заедничката цел на двете држави во борбата против илегалната миграција, трговијата со луѓе и тероризмот, констатирал Петрушевски.
На средбата се разговарало во врска со досегашната соработка која се одвива непречено како на оперативно така и на стратешко ниво, со надеж дека истата во иднина ќе продолжи со засилен интензитет. Воедно на средбата станало збор и за проектот SAFE CITY преку кој се очекува земјава да стане уште посигурна земја како во делот на почитувањето на сообраќајните правила, така и во делот на безбедноста на граничните премини. сст/цр
Фото МВР