Средба Николоски - Варнс: Реформските процеси и капиталните проекти во фокусот на разговорите
- Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс, на која ја потенцирал одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласил стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.
Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс, на која ја потенцирал одличната соработка меѓу двете земји и ја нагласил стратешката определба на Владата во насока на зајакнување на билатералната соработка со САД како наш најзначаен партнер и поддржувач.
Министерот Николоски, како што се наведува во соопштението, информираше за реформските процеси и приоритетите на Владата и Министерството за транспорт како клучни за подобрување на животниот стандард, економскиот раст и борбата против корупцијата за што беше нагласена и силната поддршка на страна на САД.
- На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата за што министерот Николоски ја истакна огромната важност во исполнување на владините цели за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите што се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10, се посочува во соопштението.
Николоски зборувал и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти.
-Министерот Николоски ја истакна и стратешката определба на земјата за членство во Европската унија како и континуираниот придонес на Македонија во зајакнување на односите во НАТО Алијансата. Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на соработката меѓу двете земји, се посочува во соопштението од Министерството за транспорт и врски. ев/лв/
ФОТО: Министерство за транспорт и врски