• понеделник, 23 декември 2024

Средба на Шаќири со претставници на швајцарската невладина организација „Хелветас“

Средба на Шаќири со претставници на швајцарската невладина организација „Хелветас“
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска имаше средба со претставници на „Хелветас“ - невладина организација од Швајцарија која четири години е партнер на МОН во заложбите за развој и промоција на средното стручно образование кое е дефицитарно во земјава. Како што информира МОН, на средбата е заклучено дека средното стручно образование во Северна Македонија ја добива вистинската вредност и младите сè почесто избираат да се едуцираат во конкретни струки кои се барани на пазарот на трудот и овозможуваат брзо вработување и пристојна плата и дека  стекнатото знаење е и добра основа за понатамошна академска надградба. - Шаќири изрази благодарност до раководството на „Хелветас“ што дава голема логистичка и финансиска поддршка за спроведување на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија - Е4Е“ преку кој се спроведува дијалогот „Учи паметно, работи стручно“ помеѓу МОН, бизнис-заедницата, општините и средните стручни училишта, а во насока на заедничко дефинирање на потребите од отворање нови струки и профили кои се потребни на локално ниво, дизајнирање на наставните планови и програми и вклучување на компаниите во практичната обука на учениците од средните стручни училишта, информира МОН. Министерството посочува дека дијалогот се покажал исклучително ефективен во изминатиот период - минатата година овозможи отворање 97 дуални паралелки во 46 средни стручни училишта, во соработка со над 200 компании. - Претставниците на „Хелветас“ потврдија дека и во иднина ќе даваат поддршка преку проектот „Е4Е“, со цел синхронизација на образованието со пазарот на трудот, како основен услов за економски напредок на државата, се додава во соопштението на Министерство за образование и наука. хс/дма/

Остани поврзан