• вторник, 25 јуни 2024

Средба на ЦИВИЛ со претседателот на Собранието, Џафери

Средба на ЦИВИЛ со претседателот на Собранието, Џафери

Скопје, 13 ноември 2023

Претставници на ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска се сретнаа со Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на која разменија информации и ставови за клучни прашања поврзани со актуелните состојби и процеси во земјата и пошироко. Меѓу другото, претставниците на ЦИВИЛ го информираа Претседателот на Собранието за улогата и поддршката на организацијата во иницијативите поврзани со Украина, вклучително и прашањето на Гладоморот, како геноцид против украинскиот народ.

Понатаму, на средбата со Џафери стана збор и за војната на Блискиот Исток и цивилните жртви предизвикани од терористичкиот напад на Хамас во Израел и израелскиот воен одговор и страдањата на цивилите во Појасот Газа.

На средбата меѓу ЦИВИЛ и Претседателот на Собранието, стана збор и за низа други прашања, како што се претстојните избори, меѓуетничките односи, како и борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните напади во нашата земја и пошироко.

Еден од заклучоците од средбата беше дека Собранието, како и другите државни институции мораат да носат одлуки кои за добробитта на државата и граѓанките и граѓаните, а не врз основа на емоции или потреба од политички поени и популизам. Џафери ја препознава важната улога на организациите на граѓанското општество, а во таа смисла, придонесот и на ЦИВИЛ во јакнењето на демократијата и поддршката на клучните демократски и политички процеси во земјата.

Претседателот на Собранието, Џафери, даде и ексклузивно интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Фото/ Фејсбук страница на ЦИВИЛ

ЦИВИЛ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан