• сабота, 23 ноември 2024

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост

Средба на претседателот Пендаровски со Теодор Богоевски, лице со попреченост

Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Теодор Богоевски, лице со попреченост и советник за лица со попреченост на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, се разговарало за положбата на лицата со попреченост во земјава, во контекст на заложбите за остварување на нивните права на еднаквост, достоинствен живот и вклученост во економскиот, културниот и општествениот живот во македонското општество.

На средбата, Теодор Богоевски, како лице со попреченост, што му овозможува посебен увид за потребите на овие лица, го запознал претседателот Пендаровски со неговите досегашни активности, како и со неговите предлози во насока на поголема инклузија на студентите со попреченост.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи ја својата поддршка, нагласил дека согласно своите надлежности, во континуитет се заложува да се подобри положбата на лицата со попреченост во нашата држава.

На средбата станало збор и за книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ чиј автор е Богоевски, а ќе биде објавена на почетокот на наредната година. дма/са/

 

Остани поврзан