• недела, 22 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието, Џафери со амбасадорката на Кралството Шведска, Ларсон

Средба на претседателот на Собранието, Џафери со амбасадорката на Кралството Шведска, Ларсон

Скопе, 11 мај 2023 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин.

Џафери, соопштија од собраниската прес-служба, на средбата истакнал дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите.

Претседателот на Собранието Џафери го објаснил процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ, искажувајќи надеж дека до наесен оваа година ќе се најде потребниот консензус во Собранието за Северна Македонија да стане дел од Европската унија.

Амбасадорката Ларсон Џеин се заблагодарила за приемот и изразила подготвеност за понатамошна соработка и целосна поддршка на нашата земја на патот на евронтегративниот процес.

- Амбасадорката истакна дека Шведска која актуелно претседава со Советот на ЕУ, дава целосна поддршка на Република Северна Македонија и смета дека токму сега е моментот за земјата да стане полноправна членка на ЕУ, стои во соопштението

За време на средбата се разговарало и околу скрининг-процесот на Република Северна Македонија во рамки на Европската унија, за континуираната посветеност на реформите и друго.

- Заедничка беше констатацијата дека на земјава и претстои важниот процес на уставни измени кои се предвидени со Преговарачката рамка, а за кои е потребен консензус на политичките чинители со цел конечно да се овозможи постигнување и на втората стратешка цел на земјата – полноправно членство во Европската Унија, покрај сега веќе успешното пристапување во НАТО, соопштија од собраниската прес-служба. цр/нд/

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Остани поврзан