• понеделник, 23 декември 2024

Средба на претседателот на Собранието Гаши сo претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Средба на претседателот на Собранието Гаши сo претставници на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, остварил средба со претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Игор Јадровски, со заменик претседателот Лимко Бејзаорски и со Флора Кадриу.

- Од година во година се зголемува свесноста на граѓаните за постоењето на оваа институција, за што говори и зголемениот број претставки од различни сфери од секојдневниот и политичкиот живот. Комисијата е надлежна да ги разгледа истите и да даде свое мислење по нив. Оваа Комисија работи на принципите на еднаквост, неселективност и непристапност, сѐ со цел владеење на правото и рамноправност на сите граѓани. Нејзините мислења имаат не само заштитна, туку и превентивна улога. Идејата е не само да постапува по претставки, туку од тие претставки да се детектираат системските проблеми кои би можеле да се решат, стои во денешното соопштение од собраниската прес-служба.

Самата Комисија, се додава, се формира во Собранието, па оттука треба да произлезе и поголема соработка и логистичка поддршка.

- Во таа насока, претседателот Гаши понуди отворена врата за соработка, за советодавни препораки за измени и дополнувања на закони. По конструктивниот разговор, даде идеја да се организираат јавни расправи по различни предлог-закони на кои ќе се слушнат мислењата на Комисијата, во присуство на претставници на министерствата, експерти и медиуми. Присутните се согласија дека може да се потпише и меморандум за соработка, сѐ со цел еднаквиот третман на граѓаните да биде на највисоко ниво, се подвлекува во соопштението. цр/ац/

Фото: Собрание на РСМ 

Остани поврзан