Средба на претседателот на Собранието Гаши со албанскиот претседател Бегај
- Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе има средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе има средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши, освен средба со албанскиот претседател, ќе има и средби со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Метју Лосон, како и со германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер. сст/aa/
фото МИА архива