• петок, 22 ноември 2024

Средба на претседателот на НДП Мемеди со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Средба на претседателот на НДП Мемеди со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ
Скопје, 10 јануари 2020

Во Хрватската амбасада во Скопје, претседателот на НДП Весел Мемеди придружуван од Генералниот Секретар на НДП Сухејл Фазлиу, и потпаролот на НДП, Шпат Исеини оствари работна средба со г-ѓа Нивес Тигањ во врска со актуелните настани во земјата.

Во почетокoт на средбата, претседателот на НДП Мемеди, и честита за новата функција и му посака успех во новата задача како амбасадор на Хрватска во Северна Македонија.

Мемеди, исто така изрази благодарност за континуираната поддршка што ја давала досега  Хрватска и продолжува да и дава на Северна Македонија на патот кон интерграцијата во ЕУ, и се надева дека за време на претседателството на Република Хрватска со Советот на ЕУ ќе се постигне долгоочекуваниот момент на граѓаните на Северна Македонија за започнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Соговорниците разменија мислења за политичките случувања во земјата во пресрет на парламентарните избори, каде што претседателот на НДП Мемеди ја извести г-ѓа Тигањ, дека НДП после парламентарните избори во 2016 година, стана клучен фактор за формирање на новата Влада на Северна Македонија, со што беше проследено со историски случувања за нашата земја, како што беше решавањето на проблемот со името со Грција, договорот за добрососедтсво со Бугарија и донесување на законот за употреба на албанскиот јазик.

Претседателот на НДП Мемеди исто така го повтори фактот дека коалициите кои се формираат со искреност и со приоритет за решавање на проблемите, несомнено се успешни, додека коалициите кои се формираат само по желба и надеж дека ќе го покриваат минатото, и за да останат на сцена некои политички лидери, тогаш ние сме убедени дека од вакви коалиции нема да им оди vo прилог на граѓаните и земјата, и не можат да постигнат никаков резултат, освен создавање на моментална забуна и манипулација, која потоа резултира со деморализација на граѓаните и гасење на сета надеж за разбој на земјата.

Хрватската Амбасадорка г-ѓа Тигањ ја цени констуктивната улога на НДП во сите најважни политички случувања, и му честиташе на претседателот Мемеди за започнување на нова политичка и визионарна ера базирана на високи принципи и европски вредности.

Г-ѓа Тигањ од своја страна, исто така гарантира дека Хрватска  ќе продолжи со подршка за европска и евроатлантската преспектива на Република Северна Македонија.

Национална демократска преродба (НДП) ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан