• сабота, 21 декември 2024

Средба на претседателот на Алтернатива, Зекирија Ибраими со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал

Средба на претседателот на Алтернатива, Зекирија Ибраими со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал

Скопје, 15 октомври 2024

Претседателот на Алтернатива, Зекирија Ибраими денеска во централното седиште на партијата го прими шефот на Мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, амбасадорот Килијан Вал.

На средбата беа дискутирани важни политички прашања, вклучувајќи го процесот на евроинтеграции како основен столб на учеството на Алтернатива во Владата, судските реформи и улогата на Алтернатива во рамките на коалицијата ВЛЕН.

Ибраими ја истакна важноста на учеството на Алтернатива во Владата во рамките на коалицијата ВЛЕН, нагласувајќи дека оваа соработка има за цел да ги унапреди интересите на албанските граѓани и сите други заедници, преку праведно и инклузивно управување.

Исто така, беше разгледана и одлуката на Уставниот суд во врска со балансерот, која беше оценета како погрешна поради недостаток на нов механизам за нејзина замена, како и законот за соодветна застапеност на албанците во државните институции.

Ибраими ја нагласи потребата од правична застапеност и реформите кои ќе обезбедат поцврст и поинклузивен правосуден систем. Амбасадорот Вал ја потврди поддршката на ОБСЕ за демократските реформи и интегративните процеси на државата.

 

 Алтернатива

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

 

Остани поврзан