• вторник, 05 ноември 2024

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Кимовски

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на МНТ, Кимовски

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид го прими директорот на Македонскиот народен театар (МНТ), Никола Кимовски. На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, била информирана за тековната работа на МНТ и за подготовките за новата сезона 2024/2025 што ќе почне во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“.

Кимовски ја информирал Сиљановска Давкова за предвидената програма на настанот што ќе се одвива од 17 септември до 1 октомври и ќе опфати популарни театарски претстави и познати музички изведувачи од македонската сцена.

На средбата се разговарало и за престојниот јубилеј, 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година. мч/аа/

фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан