• четврток, 20 февруари 2025

Средба на пратеникот Апасиев со претставници на раководството на Сојузот на синдикати

Средба на пратеникот Апасиев со претставници на раководството на Сојузот на синдикати

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Пратеникот Димитар Апасиев, како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, денеска остварил средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), меѓу кои и претседателот на оваа Организација, Слободан Трендафилов.

Можностите за унапредување на правата и стандардот на работниците, како што соопшти собраниската прес - служба, биле во фокусот на дискусијата, при што стана збор и за евентуални интервенции во закони кои ја покриваат оваа област.

Пратеникот Апасиев и претставниците на ССМ размениле мислења околу Законот за работни односи, во насока на предвидување исплата на патни трошоци за вработените.

- Исто така, беа разменети мислења и околу потрошувачката кошничка и за очекуваното зголемување на минималната плата, со цел подигање на стандардот на работниците, се наведува во соопштението од Собранието на РСМ. цр/ац/

Фото: Собрание на РСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан