• петок, 13 септември 2024

Средба на Муцунски со државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската покраина Северна-Рајна Вестфалија, Шпајх

Средба на Муцунски со државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската покраина Северна-Рајна Вестфалија, Шпајх

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска имал работна средба со државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на покраината Северна – Рајна Вестфалија, Марк Шпајх, кој се наоѓа во дводневна работна посета на земјава.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата соговорници размениле мислења за актуелните и идни можности за соработка кои ги нуди Заедничката декларација за соработка склучена помеѓу двете влади во 2021-та година.

Министерот Муцунски изразил задоволство од фактот што нашата земја одржува чести средби и континуирани контакти на највисоко ниво со најголемата германска покраина, со која во моментот имаме особено високо ниво на билатерална соработка.

- Заемно констатирана одличната економска соработка со оваа покраина и нејзиниот значаен удел во севкупната соработка на нашата земја со Сојузна Република Германија, што овозможува трговската размена да е на највисоко ниво во изминатите години, стои во соопштението.

Државниот секретар Шпајх изразил задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план. Тој ја реафирмирал и покраинската поддршка на процесот на интеграција на нашата земја во Европската унија, која игра значајна улога во системот на одлучување на сојузно ниво.

- Министерот Муцунски ја потврди подготвеноста на нашата земја за поинтензивна секторска соработка со најнаселената германска покраина, во која живее и работи значаен дел од нашата дијаспора во Германија, и е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети, соопштија од Министерството. цр/дма/

Фото: МНР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан