• четврток, 26 март 2026

Средба на министерот Муцунски со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација – JETRO, Сусуму Катаока

Средба на министерот Муцунски со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација – JETRO, Сусуму Катаока

Скопје, 2 мај 2025 (МИА) - Во рамки на работната посета на Јапонија, владината делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Токио оствари средба со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји биле во фокусот на средбата.

Министерот Муцунски истакнал дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, при што додал дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка. сст/дма/

Фото МНРиНТ

Остани поврзан