• четврток, 26 март 2026

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Скопје, 3 мај 2025 (МИА) - Во рамки на работната посета на Јапонија, делегација предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии, соопшти МНРиНТ.

На средбата бил потенциран континуитетот на одличните билатерални односи и политичкиот дијалог, граден во изминатите 30 години, кои се темелат на заемна почит и пријателство меѓу двете држави и народи. Соговорниците се согласиле дека во претстојниот период акцентот ќе биде ставен на унапредување на билатералната и економската соработка.

Исто така, биле разменети мислења за продолжување на успешната мултилатерална соработка преку взаемна поддршка на иницијативи и координација во однос на регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес. сст/дма/

Фото: МНРиНТ

Остани поврзан