• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

Средба на министерот Муртезани со шведската амбасадорка Џеин

Скопје, 1 август 2024 (МИА) -  Министерот за европски работи Орхан Муртезани денеска остварил протоколарна средба со амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џеин, на која била разгледана тековната развојна соработка и потенцијалите за продлабочување на билатералните односи.

-Муртезани се заблагодари за клучната улога на Кралството Шведска во поддршката при остварувањето на реформите и целите поврзани со зачленувањето во Европската Унија. Тој подвлече дека Шведска редовно ја демонстрира таа поддршка преку исклучително значајната билатерална помош, што е единствен од ваков вид директна финансиска помош од земја членка на Унијата. Ваквата посветеност се согледува и во новата стратегија на Шведска за реформска соработка со земјите од Западниот Балкан за периодот 2021-2027,  а се фокусира на напредокот во делот на човековите права, демократското управување, одржливиот развој и инклузивниот економски раст, наведува Министерството за европски прашања. 

Џеин и Муртезани разговарале и за имплементација на проектот „Поддршката на Северна Македонија за пристапувањето во ЕУ“, финансиран преку Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Како што наведува Министерството, со него се обезбедува континуитет на претходната поддршка од Шведска и Норвешка, „а кој значително го подобри механизмот за координација на ЕУ, помагајќи ги реформските напори насочени кон усогласување со европските стандарди, вредности и acquis“. хс/ац/

Фото: Министерство за европски прашања

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан