• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на министерот Минчев со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Средба на министерот Минчев со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска остварил протоколарна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клеин.

На средбата се разговарало за унапредување на билатералната соработка во областа на јавната администрација и професионализацијата на административните служби.

- Двајцата соговорници ја истакнаа важноста на размената на добри практики и искуства, како и можностите за зајакнување на институционалната соработка преку проекти поддржани од ЕУ и билатерални иницијативи, соопштија од Кабинетот на министерот Минчев.

Минчев изразил благодарност за досегашната поддршка од Унгарија и ја потенцирал подготвеноста на Министерството за понатамошна соработка во насока на модернизација на јавниот сектор и приближување кон европските стандарди.

Амбасадорот Андраш Клеин, како што стои во соопштението, ја нагласил определбата на Унгарија за продолжување на партнерството со Република Македонија, особено во контекст на европските интеграции и реформите во јавната администрација.

- Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, а двете страни изразија подготвеност за интензивирање на комуникацијата и конкретизирање на идни иницијативи од заеднички интерес, се наведува во соопштението од Министерството за  јавна администрација. цр/са/

Фото: Министерство за  јавна администрација

 

 

Остани поврзан