• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот за правда Филков со австрискиот амбасадор Памер

Средба на министерот за правда Филков со австрискиот амбасадор Памер

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која разговарале за билатералната соработка на двете држави, заедничките проекти и планираните реформи во правосудството.

-Во наредниот период се очекува започнување  на активностите во договорени сфери на интерес кои произлегуваат од меморандумот кој пред една година го потпишаа министерствата на двете држави за зајакнување на соработката во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право, борбата против корупцијата, дигиталзиацијата   на правосудството, соопшти Министерството за правда. 

На денешната средба, се наведува во соопштението, договорено е  да се интензивира соработката со Австрија „чии  искуства и знаења  ќе бидат од голема помош за нашата држава во процесот на спроведување на реформи и борба против корупцијата“. хс/са/

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан