• недела, 22 декември 2024

Средба на министерот Дурмиши со грчката амбасадорка Филипиду

Средба на министерот Дурмиши со грчката амбасадорка Филипиду

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска имал средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, со која разгварал за можностите за продлабочување на трговската размена меѓу двете земји.

Како што соопшти Министерството, Дурмиши ја информирал амбасадаорката за новиите надлежности на Министерството за економија и труд, согласно реорганизацијата на институциите, и истакнал дека сега поголем фокус ќе се даде на подобрување на бизнис-климата за домашните и странските инвеститори и подобрување на пазарот на трудот.

-Министерот Дурмиши кажа дека согласно податоците, Грција е рангирана на петто место како земја со која Северна Македонја остварува најголема трговска размена, а само за 10 години, заклучно со 2023 година, вкупните инвестиции од Грција во Северна Македонија изнесуваат 445 милиони евра, што значи дека Грција е еден од нашите најголеми инвеститори и трговски партнери, се наведува во соопштението. 

Министерот и амбасадорката се согласиле дека „зголемување на соработката помеѓу двете соседни земји, продлабочување на добрососедските односи, ќе донесе напредок и стабилност на целиот регион, а бенефит ќе имаат граѓаните на двете земји“. хс/нд/

Фото: Министерство за економија и труд

Остани поврзан