• сабота, 23 ноември 2024

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Центарот за управување со промени

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Центарот  за управување со промени
Скопје, 12 јануари 2021 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари работна средба со претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП), кои активно работат на зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евроинтеграцијата со цел позитивни промени во општеството. Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека на средбата е разговарано за започнатите заеднички проекти на кои работат Министерството за труд и социјална политика и Центарот за управување со промени и проектите и плановите на кои треба да се работи во периодот кој следува. - Притоа, акцент беше ставен на проектот кој е во финална фаза, а се однесува на дигитализација на услугите кои градинките би ги понудиле на граѓаните. Имено, се работи за процес на дигитализација на уписот на деца во градинките, систем кој обезбедува избегнување на влијанието на човечки фактор и висока транспарентност на самиот упис во градинките. Преку овој процес се добива едноставен и брз увид на состојбата со исполнетост на капацитетот на градинката и  брза информација до родителите кои имаат аплицирано и чекаат упис, велат од МТСП. Двете страни на средбата изразиле уверување за успешно завршување на процесот на дигитализација во градинките  во предвидениот рок, но и подготвеност за соработка и на други проекти кои значат модернизација и дигитализација на системот на функционирање на јавната администрација.фф/лв/

Остани поврзан