• среда, 25 декември 2024

Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо  (ДПЛ)

Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо  (ДПЛ)
Скопје, 3 март 2022 (МИА) – Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави на нејзиниот фејсбук профил дека имала средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо. – Народна Република Кина и Северна Македонија имаат пријателски односи и успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина. Се согласивме дека ситуацијата меѓу Русија и Украина треба да се реши со дијалог и заеднички искажавме заложба за трајна европска безбедност и мир, напиша министерката Петровска. Министерката Петровска на денешната средба, соопштија од МО, изразила голема загриженост за руската агресија врз Украина, која претставува кршење на меѓународното право и постулатите на Обединетите Нации. Амбасадорот Ѕуо навел дека Кина внимателно ги следи случувањата во Украина и изразува силна поддршка за светскиот мир. Кина, стои во соопштението, се залага за решение на ситуацијата меѓу Русија и Украина по пат на дијалог и за трајна европска безбедност. Министерката Петровска и амбасадорот Ѕуо се согласиле дека двете земји одржуваат пријателски односи и имаат успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина. Петровска уште еднаш упатила благодарност за донациите од НР Кина за нашата земја во борбата против „COVID-19” Министерката Петровска се сретнала и со новопоставеното одбранбено аташе, полковник Хуанг Хе, на кого му честитала за новата работна задача и му посакала успешна работа како одбранбено аташе во Република Северна Македонија. цр/лв/

Остани поврзан