• среда, 21 мај 2025

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Исени со бугарскиот амбасадор Радуков

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Исени со бугарскиот амбасадор Радуков

Скопје, 29 април 2025 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени остварил работна средба со амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Жељаско Радуков, соопштија денеска од МВР.

На средбата биле потврдени заложбите за одржување и унапредување на односите меѓу двете соседни земји, а особено била потврдена одличната соработка меѓу Министерствата за внатрешни работи, во кои, како што заеднички било констатирано, работат врвни професионалци.

- Со посебен фокус се разговараше и за можностите за дополнително унапредување на веќе воспоставената плодна соработка, како од аспект на билатералните договори така и оперативната меѓусебна соработка на Министерствата за внатрешни работи на двете земји. Притоа, и заменик министерот за внатрешни работи Исени и амбасадорот Радуков изразија безрезервна отвореност за нејзино натамошно продлабочување, се вели во соопштението од МВР.

На состанокот станало збор и за меѓусебната соработка во рамки на меѓународните организации и регионални иницијативи кои се од заеднички интерес и придонесуваат за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилност и просперитет. цр/са/

Фото: МВР

Остани поврзан