• четврток, 26 февруари 2026

Средба на заменик-министерот Андовски со делегација од Романија во Министерството за здравство

Средба на заменик-министерот Андовски со делегација од Романија во Министерството за здравство

Скопје, 6 февруари 2026 (МИА) - Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски денеска во Министерството за здравство имаше средба со делегација од Република Романија, предводена од д-р Раед Арафат, државен секретар за цивилна заштита во Министерството за внатрешни работи на Романија. 

- На средбата беа разменети искуства на двете држави, особено за справување со настани со масовни жртви. Се разговараше за искуствата на Романија од трансформацијата на нивните служби за итна медицинска помош и ургентните центри во болниците. Заменик-министерот Андовски најпрвин изрази благодарност за несебичната поддршка од Романија во справување со последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, особено за личниот придонес на д-р Арафат во испраќање на специјалниот романски авион за транспорт на повредените во европските медицински центри - се наведува во соопштението на Министерството за здравство.  

На средбата бише потврдена одличната соработка меѓу институциите на двете држави и беше реафирмирана заложбата за продлабочување на соработката, особено за ургентните служби и итната медицинска помош. хс/вј/ 

Фото: Министерство за здравство 

Остани поврзан